Далип вели дека Египќани се декларираат како припадници на други етникуми за да остварат одредени права, кои не можеле да ги остварат како припадници на нивната етничка заедница.
Припадниците на заедница Египќани во Македонија сакаат да бидат составен дел од Преамбулата на македонскиот Устав, соопшти Демир Далип, лидер на НГИ Коалиција на Египќани.
– Сите граѓани и заедници што живеат во Македонија треба да бидат еднакви без никаква дискриминација, а особено во спомнување во Преамбулата на Уставот – вели Далип.
Тој додава дека Египќани се декларираат како припадници на други етникуми за да остварат одредени права, кои не можеле да ги остварат како припадници на нивната етничка заедница.
– Оваа легитимна борба ја водиме речиси 3 децении и сметаме дека крајно време е Египќаните да бидат дел од Уставната Преамбула и на тој начин подеднакво да ги плодоуживаат правата загарантирани со Уставот како што ги уживаат етничките заедници спомнати во Преамбулата – вели Далип.