Home » Едношалтерски систем за товарниот превоз на граница и обнова на премините Дојран и Меџитлија, најави вицепремиерот Николоски

Едношалтерски систем за товарниот превоз на граница и обнова на премините Дојран и Меџитлија, најави вицепремиерот Николоски

by Журнал.мк

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска најави реконструкција на граничните премини кон Грција – Дојран и Меџитлија и воведување на т.н. “New single window”, односно само една проверка на документацијата на товарниот превоз на граничните премини.

– Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е “New single window” – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Сега се оди по десетици шалтери на граничните премини, а со новиот начин камионскиот превоз ќе се забрза и дополнително се воведува и зелена лента. Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој ја потенцира важноста на Коридорот 10, за кој вели дека не смее да биде заобиколен, бидејќи така и Македонија би била заобиколена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk