Home » Едномесечен притвор за хрватскиот министер за здравство – се сомничи за примање мито и перење пари

Едномесечен притвор за хрватскиот министер за здравство – се сомничи за примање мито и перење пари

by Журнал.мк

Вили Берош ноќта ја мина зад решетки, а одреден му е притвор од еден месец. Откако синоќа беше приведен тој утрово е донесен кај истражен судија со лисици на рацете. Тој за новинарите на прашањето „Дали се чувствува виновен?“, одговори само со „Не“. Додека на прашањето „Што велите за обвинувањата“,Берош кусо одговори дека се неосновани. Запрашан дали ќе може да докаже, рече „Апсолутно да“.

Поранешниот министер за здравство Вили Берош и уште седум лица се приведени под сомнение за корупција како дел од истрагата што ја започна европското обвинителство. Хрватска досега е рангирана како една од најкорумпираните земји членки на ЕУ.

Министерот за здравство, 2 директори на болници во Загреб и две компании се осомничени за „примање и давање мито, злоупотреба на службена положба и перење пари“, соопшти Европското јавно обвинителство. Берош е обвинет за земање мито од 75 илјади евра во набавка на медицински апарати за три болници

Поранешниот премиер Андреј Пленковиќ веднаш го разреши министерот за здравство Вили.Берош Истарага започна откако полицијата упадна во домот на Берош во Загреб.

Во соопштението на Европското јавно обвинителство стои дека петмина осомничени уште од 2022 година „се здружиле“ за да обезбедат несоодветна финансиска добивка. Групата е осомничена и за нудење мито, манипулирање со процесот на јавни набавки и исклучување на пазарната конкуренција во корист на таа компанија.

„Петмина од осомничените меѓу јуни 2022 година и ноември 2024 година „се здружиле“ за да обезбедат несоодветна финансиска добивка за две компании со ветување и давање парични награди на релевантните засегнати страни. Има наводи дека министерот за здравство, во замена за добиен поткуп, издал одобренија за купување на микроскопи за работа по неразумно надувани цени и обезбедил средства за јавни набавки“ стои во соопштението на Европско јавно обвинителство.
Хрватскиот премиер изјави дека дека е згрозен од помислата дека некој во здравството ја злоупотребил својата службена положба.

„Лично сум згрозен од идејата дека некој во здравствениот систем ја злоупотребува својата положба за лична корист или за корист на некој друг во здравствениот систем“ изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.
Тамошните медиуми пренесуваат дека на чело на злосторничкото здружение во европската истрага бил контроверзниот бизнисмен Хрвоје Петрач, кој моментално не е во Хрватска, а осомничени се и неговите синови Новица и Никола.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk