Home » Една од причините за отказот на Чави биле и фудбалерите кои ги отпишал за следната сезона

Една од причините за отказот на Чави биле и фудбалерите кои ги отпишал за следната сезона

by Lina Muslija

Не престануваат да излегуваат информации од соблекувалната на Барселона по отказот на Чави Ернандес. Официјално тренерот доби отказ поради јавните коментари за финансиската состојба во клубот, но се чини дека тоа само ја прелило чашата, а отказот му се подготвувал и претходно.

Тренерот најави дека ќе си оди, па беше убедуван да остане, но на крајот доби отказ, а како една од причините се наведува дека се и фудбалерите кои ги ставил на трансфер-листата. Чави се откажал од Бразилецот Виктор Роке, кој во јануари во Барселона пристигна за 40 милиони евра, потоа од напаѓачот Роберт Левандовски, но и од Португалецот Жоао Феликс.

Чави и спортскиот директор Деко биле со комплетно различни размислувања и веќе тука се навестувал отказот за Чави. Деко, кој е Португалец, не можел да се помири со фактот дека неговиот сонародник Жоао Феликс игра малку и е ставен на трансфер-листата, па притисокот за отказ на Чави дополнително се зголемувал, а Лапорта на крајот се одлучи да ја раскине соработката со легендата на клубот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More