-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Една од најдолгите љубовни врски во Холивуд опстанува благодарение на едно правило кое на многумина не им се допаѓа

Најчитани вести

Холивудските актери Сем Роквел и Лесли Биб се во врска од 2007-та година и се сметаат за еден од ретките парови кој толку долго опстанал.

Меѓутоа, оскаровецот Сем неодамна во една емисија го открил правилото кое го почитуваат и благодарение на кое се во толку долга врска.

„Правило на „негледање“ од две до три седмици. Сè друго значи дека стануваме премногу независни и дека не сме во врска“ – истакнал тој.

50-годишниот актер вели дека освен благодарение на ова правило, врската им опстанува поради грижата и вниманието кои си ги даваат еден со друг.

Кога го прашале да открие уште една тајна на нивната хемија, актерот веднаш одговорил:
„Комуникација и прекрасен секс. Но, и здрава смисла за хумор. Хуморот можеби е најважен, а таа постојано ме смее“.

Интересно е тоа што овој пар не сака да има деца, па во една прилика Роквел изјавил дека „не е подготвен да биде родител“.

„Тоа едноставно е преголем товар за мене“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести