Денес, генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, г. Сашо Клековски и г. Бранко Аџигогов, презентираа што е постигнато во првата година од нивниот мандат. Во продолжение – краток преглед на најзначајните резултати:
Подобрен пристап до лекови
▪ Прво проширување на Позитивната листа по 10 години – 11 нови генерички лекови за кардиологија, психијатрија, онкологија, хематологија
▪ Стабилен пристап до иновативни терапии за мултипла склероза, автоимуни болести, хормон за раст, цистична фиброза
▪ Активно учество во Националната платформа за лекови во моментот Е-рецептот е во тест период и многу скоро ќе го воведеме
Поголеми инвестиции во јавните здравствени установи
▪ Зголемено финансирање и зголемени плати – најниската нето плата достигна 27.000 МКД
▪ Реконструкции во Инфективна, Гинекологија, Детска клиника, Институт за јавно здравје
▪ Набавки на нова опрема и воведување современи методи: трансплантации, дигестивна, баријатрична, радиологија, кардиологија
Поширок опфат и нови услуги за осигурениците
▪ Финансиска поддршка за ин витро, ортопедски помагала, лекувања во странство
▪ Намалени административни процедури, скратен рок за одлучување
▪ Поддршка за здравствена заштита на затвореници
Поголема ефикасност и модернизација на Фондот
▪ Дигитализација на процесите
▪ Подобрена комуникација со институции (МСПДМ, УЈП, ЦРМ)
▪ Подигнати стандарди за безбедност и услови за вработените
Раководството најави дека со уште поголема посветеност ќе продолжат реформите во интерес на граѓаните, осигурениците и здравствениот систем.