Home » Еди Рама: Она што албанскиот јазик го има стекнато во Северна Македонија не може да биде предмет за Уставниот Суд

Еди Рама: Она што албанскиот јазик го има стекнато во Северна Македонија не може да биде предмет за Уставниот Суд

by Журнал.мк

Претседателот на владата на Албанија, Еди Рама, истакна дека албанскиот јазик не е прашање за „Уставниот суд“ во Северна Македонија.

„Сега тука се внесува и темата за албанскиот јазик, кој во моментот е во еден неразбирлив и необјаснив контекст за мене, во Уставниот суд на Северна Македонија. Јас не велам дека лидерите кои веруваат во Уставните судови на други држави грешат. Но, јас мислам дека тоа што албанскиот јазик го има стекнато како право на граѓанство во Северна Македонија, не е прашање за Уставниот суд. Не е прашање на закони, не е прашање на привремени желби на политичките партии. Кажувам привремени, бидејќи политичките партии се избираат еднаш на четири години и некогаш се на една страна, некогаш на друга страна, некогаш имаат многу нешта во рацете, некогаш немаат ништо“ – рече Рама.

Понатаму премиерот Рама смета дека: “Албанскиот јазик е прашање од суштинска важност што извонредно придонесе не само за одржување на единството на Македонија, туку и за поттикнување на духот и начинот на соживот меѓу двата државотворни народи на Северна Македонија – Македонците и Албанците – во смисла што Арбен Џафери ја опишуваше како својата најголема сон во контекст на интеграцијата“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk