Home » Еден загинат и 54 повредени во руски напад врз Харков

Еден загинат и 54 повредени во руски напад врз Харков

by Журнал.мк

Во руски ракетен напад врз Харков во североисточна Украина денеска наутро загинало едно лице, а 54 се повредени, изјави градоначалникот на градот Игор Терехов.

Во нападот, според Терехов, се оштетни 15 станбени згради.И други области во Укатрина исто така биле под руски оган во текот на ноќта.

Во напад на руско беспилотно летало врз североисточниот украински град Суми загина едно лице, а уште едно е повредено, изјави вршителот на должноста градоначалник Артем Кобзар.

Експлозии беа забележани и во предградијата на главниот град Киев и во јужниот индустриски град Днипро.

Во меѓувреме, и украинските сили извршиле повеќе напади врз региони во Русија.

Во руската област Ростов, гувернерот Јуриј Сљусар изјави дека воздушната одбрана пресретнала и уништила неколку украински беспилотни летала. Според првичните информации, нема жртви или материјална штета на теренот, рече Сљусар во објава на Телеграм.

Министертсвото за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 56 украински беспилотни летала над територијата на регионите Воронеж и Белгород, над Азовското Море, како и во Ростовската и Краснодарската област.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk