Home » Еден загинат и 20 повредени во сообраќајката кај Битола

Еден загинат и 20 повредени во сообраќајката кај Битола

by Журнал

Попладнево на регионалниот патен правец Битола-Прилеп-Демир Хисар, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице, а дваесеттина се повредени.

На сите лица повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, им е пружена итна медицинска помош, изјави Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Повредените лица се чувствуваат добро, а дел се пуштени на домашно лекување, потврди Ивановска.

– Веднаш интервениравме. Во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица кај нив е изврешено компјутерско снимање, а по добиените резултати ќе се препорача лекарска помош. Попладнево мобилни се и лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката и врз истите е извршено компјутерско снимање. Сите лица се надвор од животна опасност, Ивановска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More