Home » Еден убиен, петмина повредени – пукање во метрото во Њујорк

Еден убиен, петмина повредени – пукање во метрото во Њујорк

by Журнал

Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери. Стрелецот сè уште не е уапсен, соопшти полицијата во најнаселениот град во САД.

Инцидентот се случил на метро станицата во Бронкс, на почетокот на вечерниот шпиц, кога многу деца се враќаат од училиште, а луѓето се враќаат дома од работа. Штом се отвориле вратите на метрото, напаѓачот отворил оган надвор, а на платформата имало многу луѓе.

Пукањето се случило по тепачка меѓу две групи тинејџери во возот.

„Не веруваме дека ова било случајно пукање. Не веруваме дека ова лице пукало неселективно во воз или на станица“, изјави висок функционер на њујоршката полиција прес-конференција.

По стрелецот се уште се трага, но полицијата не ја исклучува можноста повеќе од едно лице да отворило оган. Убиениот има 34 години. Четири од петте жртви се со тешки телесни повреди, но нивните животи не се во опасност.

Меѓу повредените има 14-годишно девојче и 15-годишно момче, за кои се верува дека биле вмешани во конфликтот. Останатите жртви се на возраст од 28, 29 и 71 година и најверојатно биле застрелани случајно.

Криминалот во њујоршкото метро е редок. Во април 2022 година, маж пукаше со пиштол во воз кој минуваше низ Бруклин, при што беа повредени 10 луѓе, што беше прво масовно пукање во подземната железница на Њујорк од 1984 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk