Home » Еден починат и еден тешко ранет во пукање во Батинци, МВР трага по сторителите

Еден починат и еден тешко ранет во пукање во Батинци, МВР трага по сторителите

by Журнал.мк

Еден мртов и еден повреден е билансот од престрелката шти утрово се случи во селото Батинци во скопско потврди МВР.

– На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, се посочува во информацијата од МВР.

СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More