Home » Еден човек умее да направи чудо кога Андријана Алечки пред камери треба да се смее, а всушност и се плаче (фото)

Еден човек умее да направи чудо кога Андријана Алечки пред камери треба да се смее, а всушност и се плаче (фото)

by Lina Muslija

Телевизиската работа за ликовите пред камера навидум едноставна, особено таква е перцепцијата за дамите кои секогаш се тип-топ средени од глава до петици на снимање. Ама тоа и не е баш така, како  и тоа дека не  постојано се расположени за шминкање и дотерување, а најмалку за смеење пред објектовот.

Но, работа си е работа, па што се мора се мора кога веќе е избран тој професионален пат.

Токму онаа другата страна и перспектива од поинаков агол, потреба да ја коментира имаше водителката и пејачка Андријана Алачки и тоа низ призмата на шминката како ументност и конекција меѓу шминкерот и неговиот клиент.

 

-Како телевизиски лица постојано сме во симбиоза со професионалната шминка која сакале или не сакале станува дел од нашето секојдневие. Кога сме веќе кај професијата ,, make up” стилисти, знаеме да коментираме ,, добра е, не е добра, можело вака, можело онака…..” но има нешто многу повеќе за кое треба да помислиме, тежината на нивната професија, кога мора да се спои со клиентот, да му го почувствува дамарот каде врти, чука, што сака , како е расположен во моментот, приликата, возраста и взаемно да ја размените енергијата и на крајот да Ве испрати задоволни. Колку ли таа нивна уметност, (која јас ја нарекувам,, не шминкање, туку креирање уметничка слика во ликот” ) бара вложување и искреност. Мартин, секоја чест за твојата работа, млад и орен за работа, ти посакувам среќа на твојот професионален пат кој успешно сам го одиш и продолжи да ја радуваш ,,жената” која знае да се смее кога и се плаче, кога треба борите од маките да и ги испегла или пак кога е најсреќна…за сите состојби имаш решение, пишува Андријана сакајќи да го пофали својот стилист за шминка, а притоа да даде до знаење дека не е се’ така розово кога почнуваат снимањата.

 

„Везилка“, „Вкусот на традицијата“ или муизички ангажман на сцена, Алачки секогаш на висина на задачата, насмеана и стокмена онака како што таа сака и смета дека и доликува, а дека е задоволна, доволно е само едно – насмевката.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk