6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Eдна пауза за во веце дневно, секоја следна се плаќа 2,5 евра

Најчитани вести

Кинеска компанија се најде на удар на критики за начинот на казнување на „мрзливите“ работници кои прават повеќе од една пауза за во веце дневно.

Anpu Electric Science and Technology, кинеска корпорација со седиште во Донгуан во провинцијата Гуангдонг, призна дека водела бизарна политика доволени паузи за одење во тоалет на ден и за казнување на вработените кои го прекршиле правилото, со 20 јуани (2,5 евра).

Според информациите на компанијата што незадоволните работници ги споделија на социјалните мрежи, најмалку седум вработени биле казнети на 20 и 21 декември.

Правилото предизвика остри реакции на социјалните мрежи, но претставниците на компанијата ја објаснија одлуката на раководството да го примени бизарното правило со тоа што многу работници биле мрзливи и дека користеле паузи за во тоалет за да пушат и да ги избегнуваат своите должности.

„Бевме беспомошни. Факт е дека работниците се мрзливи на работа“, изјави директорот на компанијата за локалната телевизија.

„Менаџментот разговараше со овие работници неколку пати, но сè уште не постигна позитивен резултат.“

Тој додаде дека правилото за ограничување на употребата на тоалет се смета за подобра алтернатива од отпуштањето, бидејќи наоѓањето нови работници би било потешко. Тој исто така објасни дека од прекршителите не било побарано да платат казна од 2,5 евра, туку сумата им била одземена од месечните бонуси.

Веста за казната на компанијата го привлече вниманието на општинската канцеларија за човечки ресурси и социјално осигурување. Официјалните лица таму започнаа истрага за ова прашање, а веќе се на став дека спроведувањето на вакво правило е незаконско.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести