28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Eве како ќе се патува бо земјите на ЕУ!: ЕК претстави зелен сертификат! Содржи три важни податоци

Најчитани вести

Европската комисија денес во Брисел ќе го претстави прдлог дигитален зелен сертификат, кој би требал на граѓаните на ЕУ да им го олесни слободното патување внатре во Шенген, односно да ги намали пречките и рестрикциите воведени со цел сузбивање на пандемија Ковид-19.

Како што е речено во ЕК, предлог за дигитален зелен сертификат ќе биде усогласен во тек на претпладневен состанок на сите комесари, каде што потоа во јавност ќе се обрати претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.
Сертификатот ќе содржи здравствени податоци на граѓаните на ЕУ, а спрема првите најави ќе биде составен од три врсти податоци. “Информации кои сертификатот ќе ги содржи можат да бидат за тоа дали лицето е вакцинирано, дали има ПСР тест или е имуно после опаоравување од Ковид-19 инфекција“ вели потпаролот на ЕК Ерик Мамер.

Во Европската комисија потврдиле дека паралелно со европскиот дигитален сертификат се работи на детали односно можна стандаризација на слични документи за граѓни од трети земји.
Кога се во прашање трети земји, во разговори сме со меѓународни организации, меѓу кои и СЗО, а ќе ги земеме во предвид интероперативни и меѓународни стандарди“, вели потпаролот на Комисијата, Кристијан Виганд.

Во Брисел инсистираат да не се зборува како за “корона пасош“, туку дека е во прашање “Збир на здравствени податоци“ чија задача е олеснување, а не да создадат дополнителни услови и пречки за патување во самата ЕУ.

Се напоменува дека по претставување на предлогот за дигитална сертификација, која граѓаните на ЕУ ќе можат да ја имаат на апликација во мибилниот телефон, исто така ќе продолжи и со дополнително објаснување, како што е можноста од пренесување на инфекција во случај лицето да е имуно после вакцинирање или прележување на болеста. Планот на Брисел е до летните одмори усвои кординирана европска одлука за примена и интероперабилност на дигиталните сертификати во самата ЕУ, а чија примена ќе биде исклучиво во надлежност на земјите членки. Околу планот на воведување на дигитален зелен сертификат мора да се изјасни и Европскиот парламент и сите земји членки на ЕУ.

Истовремено, ЕК ќе го претстави планот за балансирано укинување на рестрективни мерки од една и држење под контрола ширење на вирусот, од друга страна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести