Home » ДЗР: Општина Неготино со хаотичен систем за наплата за комуналиите

ДЗР: Општина Неготино со хаотичен систем за наплата за комуналиите

by Журнал.мк

Државниот завод за ревизија преку соопштение денеска информираше за клучни утврдени состојби и системски слабости во функционирањето на локалната самоуправа Неготино, при ревизија на финансиски извештаи и ревизија за усогласеност за 2023 година.

При клучни утврдени состојби, ревизијата утврдила ненавремено евидентирање на побарувања по основ на комунални такси и надоместоци поради што се јавувале уплати без да се евидентирани задолженија, помалку евидентирани приходи и расходи во буџетот за 2023 година поради плаќања со пресметка кои не се реализирани преку трезорот.

– Пописот не е спроведен на начин што обезбедува усогласување на сметководствената со фактичката состојба, не е воспоставена соодветна евиденција на материјалните средства во подготовка, трансферирани се средства за субвенционирање на ЈП без претходно донесени одлуки од Советот на Општината, информираа од ДЗР.

Во делот на системски слабости, ревизијата констатирала дека не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на Општината.

– Не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија, кое врши наплата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броила, да ги известува општините за бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број, како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ и состојбата на регистарот на недвижности, не е усогласена со регистарот кој го води Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, пишува во ревизијата за Општина Неготино.

Биле разгледани четири сметки и дадени препораки.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk