Во Рио де Жанеиро, Бразил денеска почнува дводневниот самит на Групата 20 (Г20), а главни теми на состанокот ќе бидат борбата против сиромаштијата и гладот во светот, реформите на глобалните институции, борбата против климатските промени, како и конфликтите во Украина и појасот Газа.
Земјите членки на Г20 учествуваат со 85 отсто од светската економија и најмногу придонесуваат финансиски во борбата против климатските промени, објави Ројтерс.
Членовите на Г20 испуштаат повеќе од три четвртини од стакленички гасови.