Home » Двојно зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце

Двојно зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце

by Журнал.мк

Речиси двојно е зголемен водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце во споредба со вчера, а на другите четири мерни места нивото е скоро исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И водостоите на останатите реки во земјава се речиси исти со вчерашните, а карактеристично е што е суво коритото на реката Струмица кај мерното место Сушево.

Нивоата, пак, на природните езера во земјава се исти со вчерашните со исклучок на Преспанското Езеро каде водостојот е за еден сантиметар понизок од вчерашниот со што езерото е на девет сантиметри под апсолутно појавениот регистриран минимум.

Иако е исто со вчерашното, нивото на Дојранското Езеро е 46 сантиметри под договорениот минимум, додека водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More