Home » Двојно е зголемен бројот на регистрирани со грип во последната недела од старата година

Двојно е зголемен бројот на регистрирани со грип во последната недела од старата година

by Журнал

Последната недела од старата година, двојно е зголемен бројот на регистрирани со грип, покажуваат податоците на Институтот здравје. Бројките ќе растат и оваа недела и наредната, за две недели се очекува пикот, вели епидемиологот Сашко Олумчев.

Прославите, дружењето, патувањата ќе си го направат своето. Но, состојбата е слична како минатогодишната, очекува да помине мирно. Симптоматологијата помеѓу грипот и ковидот е речиси иста, вели тестирањето за ковид е непотребно.

Има голем број заболени помеѓу помладите, работоспособното население, но поради лесната симптоматологија се лекуваат дома. Епидемиологот Олумчев, вели дека ова е поради солидниот колективен имунитет.

Тој очекува уште ден како што вели мал пик крај на јануари, почеток на февруари и бројките на регистрираните да почнат да опаѓаат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More