Битка за нов центар, битка со сменет лик и вратен сјај. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ рече дека е подготвен со искреност и јасна визија да работи за Центар каков што сите го заслужуваме.
Мирослав Лабудовиќ е искрен човек којшто си ја сака и својата општина и својот град. Рече претседателот на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.
Сакаме Општина Центар, но и Македонија да им ја вратиме назад на граѓаните. Кандидатите на ЗНАМ не се борат за власт, рече Димитриевски.






