Home » Две жени шверцувале луксузни ташни од македонски моден креатор кој работи во Франција, запленети и пасоши за миленичиња

Две жени шверцувале луксузни ташни од македонски моден креатор кој работи во Франција, запленети и пасоши за миленичиња

by Журнал.мк

Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да криумчарат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари, информираат од Царинската управа.

Кога слетале на Меѓународен Аеродром Скопје патничките се упатиле на зелен канал со намера нелегално да пренесат чанти од луксузни брендови и да избегнат плаќање давачки кон државата во висина од 924 илјади денари.

Истиот момент царинските службеници ги застанале за детална контрола при што во куферите на една од патничките, инаку македонски државјанки, ги пронаше луксузните ташни. Против неа е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Скопје заради сомнение дека сторила кривично дело криумчарење.

Во јавен царински склад помеѓу стока со потекло од Кина наменета за увозник во Скопје, мобилен тим на Царинската управа пронашол 132 бормашини, кои не биле опфатени со царински документи.

Како што информираат од царинската управа, Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило на излез од државата на граничен премин Табановце открила 40 штеки цигари сокриени во горниот дел од кабината на влекачот.

Од Царинста управа информираат и дека брачен пар се обидел преку граничен премин Блаце во државата да криумчари 72 пара патики со вкупна вредност од околу 100 илјади денари. Во намерата биле спречени од мобилен тим кој при контрола на возилото помеѓу седиштата и во багажникот ги откри непријавените производи.

Мобилен тим на Царинската управа, на излез од државата на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус во еден ранец и патничка торба откри 58 пасоши за домашни миленици со турски сериски броеви. Сопственик на пасошите бил турски државјанин, водич на автобусот кој сообраќал на релација Косово-Турција.

На влез во државата на граничен премин Богородица царинските службеници при контрола на камион со бугарски регистарски таблички во просторот за палети открија 85 литри ладно цедено маслиново масло.

Од Царинската управа соопштуваат дека 56 женски чанти биле пронајдени во багажниот простор и резервната гума на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk