Home » Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај ТИРЗ Штип

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај ТИРЗ Штип

by Журнал.мк

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип.

Според првичните информации во несреќата, која се случила околу 14 часот и 25 минути животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила помеѓу две патнични возила.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More