Тетово, 29 декември- Двајца полицајци синоќа беа прегазени на патот Тетово – Гостивар додека вршеле проверка на претходна сообраќајна несреќа, при што едниот починал а другиот се здобил со тешки повреди.
П.Ѓ. и Ф.Ш. околу 19 часот додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „форд фокус“. П.Ѓ. починал.на самото место, додека Ф.Ш. е пренесен во болница во Гостивар.
Во полициската станица во Гостивар лишен од слобода е Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичево кој удрил во полицајците.