Home » Дваесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Дваесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски

by Журнал.мк

Македонија денеска одбележува 20 години од трагичната авионска несреќа во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски.

На градските гробишта во Бутел свежо цвеќе положи сопругата на поранешниот претседател на Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, претседателот Стево Пендаровски и државни делегации. 20-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски беше одбележана со положување свежо цвеќе и на спомен-обележјето во Ротимље, близу Мостар, како и во неговата родна Струмица каде пред споменикот на Борис Трајковски беше положено свежо цвеќе. 19та година по ред, ќленовит на планинарското друштво Ентузијаст од Струмица маршираа до Скопје.

Претседателскиот авион „Кингер“ со кој претседателот требаше да стигне во Босна и Херцеговина за да присуствува на економска конференција, се урна на на 15-километри јужно од Мостар.

Смртта на претседателот тогаш ја потресе нашата нација и светот. А еве како го пометат граѓаните.

Покрај Трајковски, во несреќата загинаа и портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и Марко Марковски и Бранко Ивановски, пилот и копилот на авионот.

Братот на Миле Крстевски денеска се потсети на кобниот 26 февруари 2004 година. Вели трагедијата оставила голема трага во неговото семејство кое се уште верува дека се работи за атентат.

Вечерва со почеток во 20:30 часот во Национална опера и балет ќе се одржи комеморативен настан, на кој свое обраќање ќе има претседателот Пендаровски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More