Поранешниот играч на Вардар и младински репрезентативец, Ердон Даци беше двоен стрелец во победата на Коњаспор над Галатасарај од 4-3 во меч од турското првенство.
Одличен настап на 22 годишниот македонски фудбалер и тоа против турскиот гигант Галатасарај.
Даци го отвори мечот во 39. минута, погоди за водство од 1-0 на Коњаспор, а потоа по неколку секунди игра во вторто полувреме даде уште еден гол, овој пат за 2-1.