Home » Два часа траеја ракетните напади врз Киев: Останете во засолништата, воздушната тревога сè уште е во сила

Два часа траеја ракетните напади врз Киев: Останете во засолништата, воздушната тревога сè уште е во сила

by Журнал.мк

Во текот на ноќта во Киев одекнаа експлозии, а според украинските власти, земјата е нападната од руски крстосувачки ракети, како и од дронови-камикаѕе
Во Украина од утрово е прогласена тревога за воздушни напади, а на граѓаните им е посочено да се засолнат во скривници.

Во текот на ноќта во Киев одекнаа експлозии, а според украинските власти, земјата е нападната од руски крстосувачки ракети, како и од дронови-камикаѕе.

Воздушниот напад на Киев траел некаде околу два часа.

Главниот советник на Володимир Зеленски, Андриј Јермак на Телеграм објави дека земјата е нападната, односно дека Путин подготвува ракетен напад врз Киев.

„Експлозии има на повеќе локации во градот. Останете во засолништата“,

се вели во известувањето што градската управа го упати граѓаните на Киев преку Телеграм.
Според Ројтерс, експлозии се слушаат во источниот дел на главниот град, а густ чад има на повеќе локации.

Сè уште не се познати информациите дали има жртви.

Управата на Киев предупредува дека можно е да биде исклучена електричната енергија бидејќи цели на нападите е и енергетската инфраструктура пред претстојните зимски месеци.

На 26 август Русија ја нападна Украина со повеќе од 200 беспилотни летала и проектили, при што загинаа седум лица и беа погодени енергетските капацитети низ целата земја.

Тој напад, според властите на главниот град, го претставувал најмасовниот напад за време на војната.

Воената администрација на Киев, пак, објави дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана уништил неколку руски крстаречки и балистички ракети, заедно со десет дронови насочени кон Киев.

Според нив, ова е прв комбиниран руски напад со проектили и беспилотни летала во последните 70 дена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk