Home » Двајцата ранети пред тетовската болница однесени во Клиничкиот центар во Скопје

Двајцата ранети пред тетовската болница однесени во Клиничкиот центар во Скопје

by Журнал

Двете лица кои беа ранети околу 18 часот пред тетовската болница се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, информират за МИА од тетовската болница. Според првичните информации, станува збор за двајца браќа од Гајре.

СВР Тетово информираше дека околу 18 часот и 5 минути е пријавено пукање пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница, при што две лица од тетовското село Гајре, се здобиле со прострелни рани.

-Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето, информира СВР Тетово.

Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More