Home » Двајца вработени во угостителски објект во Штип се тешко повредени на работното место

Двајца вработени во угостителски објект во Штип се тешко повредени на работното место

by Журнал.мк

Двајца вработени во угостителски објект во Штип се тешко повредени во инцидент што се случил попладнево. Според првичните информации, вработените биле повредени во лифт во угостителскиот објект каде ги извршувале работните задачи. Лицата се пренесени во Клиничката болница во Штип. Полициски службеници од СВР Штип се во угостителскиот објект и се утврдуваат причините за инцидентот. Повеќе информации за овој настан се очекуваат во текот на утрешниот ден.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More