Министерството за внатрешни работи соопшти дека двајца 30-годишни скопјани се пронајдени мртви во викендица во Горна Ѓоновица кај Гостивар. Од СВР Тетово соопштија дека телата на дотичните лица се испратени на обдукција.
„На 08.01.2026 година, во 23:45 часот, е пријавено дека во викендица во село Горна Ѓоновица во Гостивар, пронајдени се мртви лицата Т.Ј. (30) и И.Н. (30), двајцата од Скопје.
Лекарот констатирал смрт без траги на насилство, додека по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се испратени на обдукција. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово“, гласи информацијата од полицијата.







