Home » Двајца приведени за пукањето во Арачиново – се бара пукачот

Двајца приведени за пукањето во Арачиново – се бара пукачот

by Журнал.мк

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, објави телевизија Сител. Се прават напори да се идентификува и да се приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка стрелаше врз градоначалникот.

Мотивите за нападот врз градоначалникот кој е од редовите на ДУИ официјално не се познати, но некои медиуми изнесуваат претпоставки дека станува збор за внатрепартиска пресметка.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска кусо одговори на новинарско прашање споменувајќи го името на поранешниот градоначалник на Арачиново.

-Мислам дека претходно беше разговарано за да се надминат разликите меѓу Ајвази и градоначалникот на Општината, го направивме невозможното, но се што направивме не успеа, рече Ахмети и нагласи дека верува оти случајот нема политичко-партиска заднина.

Градоначалниот Ибрахими трет пат во полиција пријавува насилство или закани. Минатата година пријавил закани по животот кои ги добивал од Брахим Ајвази, претходник на функцијата на актуелниот градоначалник, со кого имале некакви имотно-правни неразрешени прашања.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More