Home » Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата

by Журнал.мк

Со спасителна акција организирана од албанската полиција во заливот Филикури биле спасени двајца македонски туристи кои биле блокирани во заливот.

– Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми.

На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е добра здравствена состојба.

– Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112, објави полицијата.

Македонските, по косовските, се најбројни туристи кои за одмор го избираат албанското крајбрежје. Нивниот број оваа сезона надминува 400 илјади.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk