Home » Двајца кинески државјани меѓу жртвите на авионската несреќа во Вашингтон

Двајца кинески државјани меѓу жртвите на авионската несреќа во Вашингтон

by Журнал.мк

Кинеската амбасада во САД соопшти дека двајца кинески државјани се меѓу жртвите во сударот меѓу патничкиот авион и хеликоптер во Вашингтон, во близина на националниот аеродром Роналд Реган.

Кинеската амбасада соопшти дека длабоко жали за сите жртви и изразува искрено сочувство до нивните семејства, пренесе Ксинхуа.

Амбасадата побара од американската страна да ги утврди сите детали за инцидентот што се случи во средавечер и формално да ја извести кинеската страна, како и да им пружи помош на семејствата на жртвите во справувањето со последиците.

Во соопштението се наведува дека амбасадата ќе понуди и конзуларна заштита и помош во нејзина надлежност.

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот потврди дека и црните кутии поврзани со рекордерот за податоци за летот и снимачот на гласот од пилотската кабина се извлечени од остатоците на авионот во реката Потомак.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пред новинарите во Белата куќа изјави дека никој не ја преживеал несреќата во која учествуваа патничкиот авион на компанијата „Американ ерлајнс“ од Вичита, Канзас, со 60 патници и четворица членови на екипажот и воениот хеликоптер „Блек Хок“, со тројца војници на американската армија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk