Home » Двајца доктори од Детска клиника времено се отстранети од работа поради смртта на 14-месечното бебе, поведена е дисциплинска постапка

Двајца доктори од Детска клиника времено се отстранети од работа поради смртта на 14-месечното бебе, поведена е дисциплинска постапка

by Журнал.мк

Докторите ќе бидат остранети од Клиниката до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка која ја води формираната комисија.

Двајца доктори-специјалисти од Детската клиника времено се отстранети од работа од установата додека за нив се води дисциплинска постапка согласно членот 192 од Законот за здравствена заштита, информираат денеска оттаму.

Двајцата доктори-специјалисти, како што велат од Клиниката, биле дежурни и извршиле преглед на 14-месечното бебе на 3 октомври годинава, а кое два дена подоцна почина на Детската клиника.

Решението за нивно отстранување е донесено врз основа на извештајот на комисијата за стручен надзор што беше формирана од Министерството за здравство. Во извештајот на комисијата, како што рече министерот Арбен Таравари, констатирани биле елементи на лекарски пропуст.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk