-4 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Дувњак: Желбата на политиката да го контролира судството и медиумите е огромна

Најчитани вести

Новинарката и уредничка на „Фокус“, Гордана Дувњак во денешното гостување на Утрински брифинг на Слободна ТВ истакна дека желбата на политиката да го контролира судството, како и медиумите е огромна и се уште постои.

-Судството ја имаа таа лоша судбина да сакајќи во еден период да им излезе во пресрет на сите барања на бранителите на обвинетите, некако избрзаа и не се пресметаа со она што може да им се случи. Од една страна разбирлива е желбата на бранителите по секоја цена да ги одложат судските процеси за да дојде до застарување. Имам чувство дека добар дел од судиите беа мошне комотни. Кога го нема тоа чувство и потреба судскиот процес да добие една динамика и еден ритам, се случува она што сега се случува – од 18 судски процеси, само три да се ефективни и завршени, што само по себе и не е гаранција, имајќи предвид дека дел од тие случаи Апелација ги враќа од почеток. Моја проценка е дека судството е колатерална штета на политиката. Желбата на политиката да го контролира судството, како и медиумите е огромно и се уште постои. За жал ниту во судскиот совети, ниту во судските институции, на врвот не се најдобрите судии со интегритет и капацитет кои што можат да и кажат не на политиката, истакна Дувњак.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести