Home » Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива, нашите ќерки, јас, те очекуваме – Стево, сопругот на Лидија со емотивна порака

Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива, нашите ќерки, јас, те очекуваме – Стево, сопругот на Лидија со емотивна порака

by Журнал.мк

Петти ден се трага по исчезнатата Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Сопругот на исчезната Лидија, Свето Трајковски моли за помош за било каква информација. Вели дека немам никаква причина за да неговата сопруга исчезне. Последен пат била забележана на камери во 5 часот наутро во петокот на автобуска постојка во село Јурумлери.

„Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива. Прати ни нешто, барем некој сигнал, прати ни абер. Ти не би направила ништо за да не уништи нас. Нашите ќерки, јас, те очекуваме. Дај ни барем еден сигнал – јави се од некаде. Нашата надеж уште постои. Ти си жива и ќе бидеш жива, ние ќе го продолжиме животот јави се каде и да си душо моја.“ – вели Свето Трајковски, сопруг на исчезнатата Лидија Трајковска

Братот на Лидија, Александар вели дека по неговата сестра трагаат и дење и ноќе. Денеска во раните утрински часови ја барал неговата сестра околу Соборниот храм по претходни дојави дека била забележана во тој реон. Апелира до МВР д апокрај дронови да се вклучат и кучиња трагачи но и нуркачи кои би ја барале Лидија во реката Вардар.

„Бараме помош од цела држава, од секаде. Сестрами веќе петти ден никаде ја нема – никаде. Значи бараме помош да се пуштат нуркачи во Вардар да видиме дали е таму. Значи најдовме кутија цигари од нејзе, нејзин упалјач. Што кажуваат таму џемпер – тој џемпер не е нејзин. Само цигарите азната кутија цигари и нејзиниот упалјач, друго нема. Ние деноноќно ја бараме, не знаеме веќе каде да одиме. Еве сега ќе тргниме пак да ја бараме од Огњанци према Лисиче нагоре по Вардар. Ги молам од МВР, нека ги пуштат од ЕБР, кучиња трагачи да видиме некој траг да се најде.Сабајлево накај 4 часот бевме накај Соборна, вчера цел ден бевме таму, завчера добивме дојава дека сестрами била видена околу 20 минути до 6 часот. Отидовме таму, секаде, 30 души ја баравме. Секое ќоше е проверено, секоја дупка, секој простор проверен – значи не најдовме ништо од нејзе. Тие се прекрасна фамилија, 26 – 27 години се во брак, имаат 3 ќерки, 2 внучиња сега уште малку здравје боже уште едно внуче треба да добијат.“ – вели Александар Јоциќ, брат на исчезнатата Лидија Трајковска.

Од МВР информираат дека интензивно трагаат по исчезнатата Лидија и дека во потрагата искористен е дрон. Сопругот на Лидија вели дека со сопругата живееле среќно и дека немале никакви проблеми.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk