Поп пејачката Јелена Карлеуша најпосле викендов ги потпиша документите за заеднички развод од фудбалерот Душко Тошиќ.
Прва се огласи Карлеуша преку објава на Инстаграм, а сега и Тошиќ.
Еве ја неговата изјава во целост:
– По 16 години брак, со заедничка согласност се разведов од мајката на моите деца, Јелена. Договорот е склопен меѓусебно и на сечие задоволство, а најмногу се однесуваше на иднината на нашите деца, што ни е најважно.
Се договоривме целиот наш заеднички недвижен имот да оди кај нашите ќерки Ника и Атина.
Исто така, секоја моја обврска како татко и машка фигура се зема здраво за готово. За мене најважно беше да можам да поминувам време со нашите деца кога сакам и кога имам можност.
Што се однесува до мојата врска со Јелена, нормално е кога ќе се случи развод да има гнев и искри, но се надевам дека тоа ќе престане еден ден. Мислам дека Јелена е добра мајка и добра пријателка и би сакал да останеме пријатели и да имаме добри односи заради нашите деца. На Јелена и посакувам се најдобро и секогаш ќе бидам тука за мајката на моите деца како и за моите деца. Сите грди работи треба да останат зад нас и само нашите деца да бидат центарот на нашиот свет таков каков што се – напиша Душко Тошиќ.