Home » Душанка ја однесе баба ѝ првпат на море: Само да ѝ го видите изразот на лицето

Душанка ја однесе баба ѝ првпат на море: Само да ѝ го видите изразот на лицето

by Lina Muslija

Душанка, девојката која пред две години првпат ја однесе баба ѝ на море во Црна Гора, ја освоија срцата на многумина со реакцијата на нејзината баба.

Идејата се родила кога бабата ја замолила внуката да одат на бања, а Душанка се сетила дека морската вода е исто така лековита и решила да ја однесе токму таму. Целото патување го снимала и објавувала на „Тик Ток“, каде видеата станаа вирални.

Во спомените што ги споделуваше, се гледаат насмевки, солзи и прекрасно дружење. Реакциите и впечатоците од бабата, која првпат ја гледаше морската ширина, ги воодушевија сите.

„Некако е тажно што првпат го гледа морето и уште е вака среќна. Не знам, некако ми доаѓа тага“, напишаа многумина во коментарите.

Најинтересен беше првиот впечаток на бабата од морето: „Солено е и не сакам да излезам од водата“, рече пресреќната старица, исполнета со радост и изненадување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk