Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде одржа работна посета и средба со граѓани, локални претприемачи и претставници на институции, со цел директна презентација на активните мерки за вработување предвидени со Оперативниот план за 2025 година.
Овој план, кој се спроведува преку Агенцијата за вработување, претставува клучна алатка на Владата за зголемување на вработеноста и поттикнување на претприемништвото. За неговата реализација, во 2025 година се издвоени над 40 милиони евра, што претставува највисок досега буџет наменет за оваа намена.