Home » Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

by Журнал.мк

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, најави дека од март следната година ќе се зголемува минималната плата. Преку оваа одлука тој најави дека се залага за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Дурмиши најави дека во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, како што најави, ќе се расправа за зголемувањето на минималната плата.

Дурмиши најави дека постојано е во контакт со стопанските комори, синдикатите, трговците и производителите.

„Во март според законот ќе се направат пресметки и ќе се види колку ќе биде минималната плата. Во буџетот се предвидени средства за покачување на минималната плата, но колку ќе биде ќе видиме во јануари и февруари. Граѓаните ќе бидат известени следната недела. Подготовката за новогодишната кошничка е при крај, со оваа мерка се планирани да бидат опфатени повеќе од 600 производи, но повеќе детали ќе ви дадеме следната недела бидејќи се планира кошницата да биде објавена некаде во четврток или петок“, рече Дурмиши.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk