Home » Дурмиши: Мерките дадоа резултат, нема да дозволиме злоупотреби

Дурмиши: Мерките дадоа резултат, нема да дозволиме злоупотреби

by Журнал.мк

Засега нема нови мерки, но нема ни толеранција за несовесните производители, дитрибутери и трговци. Пазарната инспекција е на терен, доколку утврди енормно покачување на цените откако престанаа да важат ограничените маржи и цени, ќе бидат преземени соодветни чекори.

Според министертот за економија, Бесар Дурмиши, политиките кои биле преземени од почетокот на годината дале конкретни резултати, а тоа го поткрепи со податоците од официјалната статистика- инфлацијата во изминатите два месеци е стабилна и нема енормни покачувања на цените.

Дали и какви мерки ќе бидат преземени ќе зависи од извештајот од пазарната инспекција кој на крај на мај треба да се достави до Владата.. Можно е да се прошири листата на производи со ограничени цени или да се воведат ограничени маржи за повеќе производи.

Мерката за ограничени цени и маржи започна во февруари годинава, а заврши на 30- ти април. Во меѓувреме стапи во сила законот кој ги обврзува трговците секојдневно до 10 часот наутро да ги објават сите цени на сите производи во малопродажба, од ова се изземени само микротрговците кои имаат помалку од 10 вработени. Најтешко се прилагодуваат аптеките, од инспекторите на неколку им издале опомени и мора за 30 дена да го решат проблемот.

Инаку Државниот завод за статисика објави дека инфлацијата во април, на годишно ниво била 2.7%, а на месечно 0.6%.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk