Home » Дури 59 отсто од речиси полнолетните Данци пијат алкохол

Дури 59 отсто од речиси полнолетните Данци пијат алкохол

by Журнал

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) спроведе истражување за консумирање алкохол кај младите во Европа. Податоците покажуваат во кои европски земји, колку од младите на возраст од 15 до 16 години консумирале алкохол барем еднаш во 30 дена.

Данците се на самиот врв. Дури 59 отсто од населението консумираат поголеми количини алкохол на месечно ниво. По нив следат Германците (55 насто) и Австријците (49 насто). Меѓу првите пет европски нации се и Словачка и Хрватска, каде што, соодветно – 47 и 45 отсто од младите пијат алкохол.

Македонците на оваа листа се некаде при дното, со 33 отсто.

Од нашите соседи, опфатени се Бугарите (42 насто) и Србите (36 отсто) и Црногорците со 28 отсто. Младите Норвежани (16 отсто) и Исланѓаните (осум отсто) се на самото дно на табелата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More