Home » ДУИ за најавата на Филипче за лидерска: Прво формирање на парламентарна комисија со меѓународен

ДУИ за најавата на Филипче за лидерска: Прво формирање на парламентарна комисија со меѓународен

by Журнал.мк

Прво мора да се формира парламентарна комисија со меѓународен надзор, а потоа да се размислува за други чекори, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска најавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба.

-Затоа, ги повикуваме сите пратеници кои не сакаат една од најголемите трагедии во државата да заврши со најголемата правна фарса на селективна правда и заробување на државата, денеска да ја потпишат иницијативата на „Европскиот фронт“ за формирање на оваа комисија, посочуваат од ДУИ.

Филипче синоќа на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план – што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

Пратеничката група на „Европскиот фронт“ вчера поднесе формално барање до претседателот на Собранието за информација за деталите и околностите, постапките на надлежните институции и селективниот пристап во истражувачкиот процес поврзан со трагедијата што се случи во Кочани, каде загинаа 59 лица и стотици други беа повредени, соопштија од пратеничката група. Исто така тие бараат и собраниска Комисија да ја набљудува работата на истражните и правосудните органи во врска со пожарот во Кочани.

-Барањето се базира на член 205, став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и вклучува неколку клучни точки кои бараат објаснување од Владата, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и други институции, меѓу кои се: инспекциски проверки и превентивни мерки – мерки преземени пред трагедијата, постапки на органите за ред и итни случаи – дејствија во денот на настанот, детали за истрагата и нејзината транспарентност – како е спроведена истрагата и зошто постои селективен пристап, селективниот пристап во истрагата – објаснување на фокусирањето само на определени функционери и мерките за обезбедување независна и транспарентна истрага – преземени активности за гарантирање на правдата, наведуваат од „Европскиот фронт“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk