Демократската унија за интеграција во сабота на собир во Тетово, ќе ги диксутира листите за пратеници на идните парламентарни избори. Во недела генералниот совет на партијата ќе треба да ги потврди листите.
ТВ21 од свои избори дознава дека носител во ИЕ 1 ќе биде Блерим Беџепи, во „двојка“ Садула Дураку, во ИЕ 5 Зијадин Села, а во ИЕ 6 носител ќе биде лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
ДУИ утре треба да потпише коалиција со Демократската партија на Турците, во четврток со Курто Дудуш, а во петок со Бошњачката партија, како дел од Европскиот фронт.