Home » ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

by Журнал.мк

ВМРО и СДСМ веќе се обединија против барањето на Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт изборот на претседателот да биде во Собранието, како главна точка на Платформата што лидерот Али Ахмети ја истакна во промоцијата на д-р Бујар Османи за претседател на државата.

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ги потсетуваат двете гореспоменатите партии дека, како што оствари првиот премиер Албанец, така ќе биде и првиот претседател Албанец.

Јавноста знае дека на почетокот ВМРО, СДСМ и нивните поддржувачи беа ПРОТИВ „премиерот Албанец“ но денес – Талат Џафери ја предводи Владата, а министри од ВМРО и СДСМ се дел од неговиот кабинет.

Широката мултиетничка коалиција Европски фронт докажа дека политиките на ДУИ биле и се за целосна рамноправност на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, а главната цел останува најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Ова ќе биде запечатено на 24 април со претседателот што доаѓа, д-р Бујар Османи, и на 8 мај, кога Европскиот фронт ќе биде клучот што ги отвора вратите на Владата во следниот мандат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More