Home » ДУИ: Предлог-Буџетот не е развоен, тој мора да се избалансира, a државната каса да се надополни

ДУИ: Предлог-Буџетот не е развоен, тој мора да се избалансира, a државната каса да се надополни

by Журнал.мк

Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Фатон Ахмети на денешната прес-конференција истакна дека Предлог-Буџетот за 2025 година не е развоен и демократски.

-Во една позната изрека на римскиот политичар и државник Цицерон, за буџетот се вели: Буџетот мора да се избалансира, a државната каса да се надополни, јавниот долг да се намали, ароганцијата на службениците да се ублажи и контролира. Анализирајќи го предлог-буџетот, со жалење констатираме дека ниту една од овие карактеристики или атрибути на развоен и демократски буџет не е ни приближно предвидена во владиниот предлог-буџет за 2025 година. Зошто го кажуваме ова? Имаме енормно зголемување на буџетските расходи, касата нема да се полни затоа што не се почитуваат фискалните правила со дефицит, кој сега е уште поголем од 2024. Јавниот долг уште повеќе ќе се зголеми и сето тоа покажува дека ароганцијата на функционерите ниту се скратуваат ниту се контролираат, рече Ахмети.

Според него, евидентно е дека буџетот за 2025 година не ги почитува фискалните правила сега дефинирани со закон.

-Неопходно е да изразиме длабоко жалење и разочарување, од оние кои ветуваа фискална консолидација по формирањето на владата без етнички легитимитет. Во нивниот предлог-буџет евидентно е дека буџетот за 2025 година не ги почитува фискалните правила сега дефинирани со закон. За да биде појасно за пошироката јавност, во предложениот буџет за 2025 година има поголеми приходи и расходи од буџетот за 2024 година, во структурата на буџетот капиталните расходи се пониски (12,6 проценти наспроти 13,1 проценти) и има поголем дефицит во однос на првичниот буџет за 2024. Зборуваме за буџетот за 2024 година пред ребалансот од страна на владата без етнички легитимитет, кога буџетскиот дефицит значително се зголеми, а резервираните средства за капитални и стратешки проекти за 2024 година се намалија, рече тој.

Ахмети нагласи дека еден од главните дефекти на буџетот е високиот буџетски дефицит.

-Овие планирани приходи и расходи резултираат со проектиран буџетски дефицит во апсолутна вредност од 41,4 милијарди денари или на ниво од 4 проценти од проектираниот БДП. Иако е помал од проектираниот дефицит со ребалансот на буџетот за 2024 година, но за ова треба да се почека следниот ребаланс, ако се спореди со првичниот буџет за 2024 година тој е повисок, беше планиран на ниво од 33,5 милијарди денари, поточно на ниво од 3,4 отсто од проектираниот БДП. Јавниот долг продолжува да расте. Со високиот буџетски дефицит, јавниот долг се зголемува на над 60 отсто од БДП, што на крајот на оваа година се предвидува да биде 62,7 проценти од БДП и уште поголем на крајот на 2025 година – дури и според Стратегијата за Управување со јавен долг 2025-2029, објавен во октомври 2024 година, јавниот долг ќе достигне 65,2 проценти од БДП. Но, да бидеме искрени, мораме да го поздравиме и фактот што во предлог-буџетот за 2025 година е нагласено дека најголем придонес во растот за 2025 година се очекува да имаат бруто инвестициите со пораст од 8,1 проценти, главно како резултат на интензивирањето на реализација на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, главно автопатиштата во Коридорите 8 и 10Д, проекти кои од сите партнери на оваа власт беа повеќе од критикувани дури и од албанските партнери без легитимитет, рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на претседателот на ДУИ Али Ахмети дека ако се допре Законот за јазиците сите Албанци ќе се кренат на нозе, генералниот секретар на партијата нагласи дека сите достигнувања на Албанците и на помалите заедници во државата се постигнувани со макотрпна работа и нема да се дозволи да се чепне нешто што е постигнато со многу труд.

-Ние цениме дека единствено нешто што може да влијае врз стабилноста на државата е нарушување на самите меѓуетнички односи внатре во државата. Што значи тоа? Сите нешта и работи кои се остварени со многу труд и се резултат на Охридскиот договор, сите достигнувања на Албанците и на помалите заедници во државата, со макотрпна работа се постигнувани и нема да се дозволи да се чепне нешто што е постигнато со многу труд. Ахмети не се заканува. Ахмети само го кажува ставот на ДУИ, на Албанците во државата и тоа е генерално перцепција што и вие можете да го земете од народот, рече тој.

Ахмети потенцира дека за никого во државата не е добро да се тргне по тие процеси кои се завршени и да се работи на градење на подобри меѓуетнички односи.

-Многу јасно кажа и претседателот Ахмети и ние како ДУИ дека нешто што е постигнато со многу труд, како резултат на Охридскиот договор за никого во државата не е добро да се тргне по тој пати по тие процеси оти тие процеси се завршени, тие се постигнувања на Албанците и на помалите етнички заедници во државата и сите ние треба да работиме на градење на подобри меѓуетнички односи. Да не дозволиме да станеме земја каде што ќе се нарушуваат меѓуетничките односи и реално не знаеме што точно може да се предизвика после тоа, рече генералјниот секретар на ДУИ Ахмети.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk