Демократската Унија за Интеграција смета дека за жал, напорите за воспоставување неселективна правда, се до ден денес, поттфрлија, велат од ДУИ.
„Сето политичко интерферирање не донесе до 2% доверба на судството поради партискиот притисок во сите години од независноста, од страна на македонските политички партии, кој што продолжува и денес со цел воспоставување селективна правда по партиски терк.
Затоа, поради сите поттфрлања и недоверба, крајно време е да се воспостави меѓународно мониториран Ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизацијата и транзицијата во сите 32 години од независноста.
Ги повикуваме политичките партии да се надминат себеси, да престанат со лов на вештерки и замајување на јавноста за политичко дефокусирање, и заедно да го усвоиме законот за меѓународно мониториран ветинг за сите наводи од независноста до денес“, стои во соопштението на ДУИ.