Home » ДУИ и Европскиот фронт ја поздравуваат посветеноста на САД за европската иднина на РСМ

ДУИ и Европскиот фронт ја поздравуваат посветеноста на САД за европската иднина на РСМ

by Журнал.мк

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ја поздравуваат посветеноста на САД за продолжување на духот на Договорот од Преспа и продолжување на европскиот пат на Северна Македонија.

Денеска, по којзнае кој пат Стејт департментот на САД побара политичкиот дискурс на Северна Македонија и по 8-му мај да се заснова на факти, на посветеноста на Договорот од Преспа и на спроведување на реформите што водат за побрзо членство на земјата во Европската Унија.

ДУИ и Европскиот фронт ги уверуваат САД, како стратешки партнер на Северна Македонија, дека и по изборите на 24-ти април и 8-ми мај, патот на земјата останува кон Европската Унија и нема да се дозволи никакво движење што го поткопува веќе трасираниот пат по пристапување на земјата во НАТО.

ДУИ и Европскиот фронт како апсолутен победник на изборите, за разлика од албанската и македонската опозиција, иднината на земјата ја гледаат кон Запад, а не кон Русија. Тоа ќе се докаже со гласовите на 24-ти април и 8-ми мај, кога проруските деривати ќе останат запаметени само како историски губитници во Северна Македонија

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More