Home » ДУИ го поздравува усвојувањето на Законот за отстранување на казината и обложувалниците од училиштата

ДУИ го поздравува усвојувањето на Законот за отстранување на казината и обложувалниците од училиштата

by Журнал

Демократската унија за интеграција го поздравува усвојувањето на Законот за оддалечување на казината и обложувалниците од образовните институции.

„ДУИ со загриженост ја следеше целата дебата и кампања против Законот за игри на среќа и во заштита на сомнителниот монопол во оваа индустрија.

Но, опструктивната, блокирачка, клеветничка, негативна и навредлива кампања не помина.

Законот за оддалечување на казината и обложувалници предвидува:
– Отстранување на обложувалниците и казината на 500 метри од образовните институции,
– Ги штити и спречува малолетниците да се вклучат во игрите на среќа,
– Ги зголемува приходите во буџетот преку зголемување на даноците и цената на лиценците, со што се помагаат на културата, спортот, медиумите“, се истакнува во соопштението од ДУИ.

Според оваа партија, оддалечувањето на казината и обложувалниците како и демонополизацијата на индустријата се дел од политиката и програмата на Демократската унија за интеграција, но и на Владата, подржано во Собранието.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk