Home » ДУИ го обвинува Стоилковиќ поради намалување на буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор

ДУИ го обвинува Стоилковиќ поради намалување на буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор

by Журнал.мк

„Навредлив фактот што потврдениот путинист, непризнавачот на независноста на Република Косово, Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува“, реагираат од Демократската унија за интеграции поради намалување на буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор.

„Како последица на тоа, буџетот за потпишување на Охридскиот договор е намален со одлука на моноетничката влада и амин на рако-бакнувачите вазали кои ги окупираа државните институции без легитимитет на албанскиот гласач, но со предпочитање на ВМРО ДПМНЕ, како во времето на монизмот и Милошевиќ. Демократската унија за интеграција не може да стои со скрстени раце кога секојдневно се понижуваат Албанците и другите и кога се поништува секое достигнување во насока на еднаквоста“, велат во партиското соопштение од ДУИ.

Затоа, велат оттаму, го ангажирале авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и неговиот тим да изготват правна платформа за легитимност, при што првиот нацрт на платформата е веќе поднесена до органите и телата на Европскиот фронт, а потоа ќе биде и јавно споделена со академскиот свет, невладините организации, медиумите, граѓаните.

Од ДУИ информираат дека централното одбележување на потпишувањето на Охридскиот договор ќе се одржи утре напладне во хотелот Александар Палас во Скопје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More