Home » ДУИ бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња

ДУИ бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња

by Журнал.мк

Демократската унија за интеграција бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и безпреседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме.

Како што велат од ДУИ, таа интервенција не само што ги попречила мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвикала непотребни тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија во земјата.

Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството.

Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Република Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се вели во соопштението на ДУИ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk