Home » ДУИ: Албанци се исклучуваат од комисиите во МОН и се заменуваат со Македонци

ДУИ: Албанци се исклучуваат од комисиите во МОН и се заменуваат со Македонци

by Журнал.мк

Демократијата и етничката еднаквост се темелни принципи врз кои е изграденa нашата држава. Со голема загриженост, ние во Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) го осудуваме последното решение на министерката за образование за заменување на албанските претставници во разни комисии со македонски претставници, соопштија од ДУИ.

Овој потег, како што велат, е јасен знак на етничка дискриминација и исклучување на Албанците од клучните позиции на одлучување.

„Еве ги некои од последните замени кои ја одразуваат оваа дискриминаторска пракса:

Џемиле Идризи е заменета со Кети Костовска
Џулијана Заири е заменета со Георги Панделиев
Сокол Ахмети е заменет со Верица Пауновска
Лаура Цана е заменета со Славица Мирчевска
Лиридона Буши е заменета со Даниела Граорска
Садете Рамадани е заменета со Билјана Трајковска
Нуран Кадриу е заменет со Анастасија Трајковска
Абаз Фетиши е заменет со Рајне Велиновска

Целосното исклучување на албанските претставници од овие комисии не само што претставува јасен чин на етничка дискриминација, туку е и неуспех на нелегитимните албански претставници во владата да ги заштитат правата и интересите на Албанците во земјата. Ова е силен удар врз еднаквоста и праведното претставување на нашата заедница во државните институции.

ДУИ ќе преземе сите политички и правни мерки за да го оспори ова неправедно решение и да обезбеди враќање на праведното и пропорционалното претставување на Албанците, како што е предвидено со Уставот и Охридскиот договор. Повикуваме на разум да престане веднаш оваа дискриминаторска пракса“ порачаа од ДУИ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk